Дома Фудбал Англија Голчиште во Премиер лигата: Жуниор Хоилет го крена Кардиф на нозе! (ВИДЕО)

Голчиште во Премиер лигата: Жуниор Хоилет го крена Кардиф на нозе! (ВИДЕО)

Кардиф Сити во отварањето на 14-тото коло во Премиер лигата го пречека Вулверхемптон и после пресврт успеа да стигне до третата победа оваа сезона.

Домаќините славеа со 2:1, а победничкиот гол го постигна Жуниор Хоилет, поранешниот играч на Блекбурн и Квинс Парк Ренџерс во 77-тата минута.

После еден изблокиран обид од фудбалерите на Кардиф, топката дојде до Хоилет кој „распали“ по топката и постигна фантастичен погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер и Барселона заинтересирани за младиот Фин Јелч

Фин Јелч, младиот дефанзивец на Штутгарт, привлекува внимание од гигантите Интер и Барсело…