Дома Останати Ракомет Голманот на Фленсбург: Имаме среќа што „Јане Сандански“ нема да биде „жежок лонец“

Голманот на Фленсбург: Имаме среќа што „Јане Сандански“ нема да биде „жежок лонец“

Вечерва Вардар од 20:45 часот после пауза од еден месец ќе игра натпревар, противник ќе биде Флензбург во Лигата на шампионите.

Двата претходни натпревари на Вардар во елитното натпреварување беа одложувани поради ситуацијата со коронавирусот, Елверум не можеше да дојде во Скопје, додека ПИК Сегед имаше премногу заразени. Затоа во Вардар пред мечот истакнаа дека предност за Флензбург е што тие се во натпреварувачка форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна голманот на гостите Торбјерн Бергеруд е среќен што во салата ќе нема публика.

„Салата „Јане Сандански“ важи за „жежок лонецз“ во ракометниот свет. Имаме среќа што овој пат поради коронавирусот ќе нема да играме пред преполната и гласна публика која сигурно би била предност за Вардар“, Бергеруд пред вечерашниот натпревар.

Ќе потсетиме, натпреварот ќе може да се проследи во пренос на МРТ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…