Македонија денес го запиша четвртиот пораз на Светското првенство во Данска и Германија, па утре се Катар или Чиле ќе играме за 15-тата позиција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во денешниот пораз блескав настап имаше Никола Митревски кој собра 15 одбрани.
Митревски посебно го загрижува тоа што сите порази ни се од европски селекции.
„На ова Светско првенство изгубивме четири натпревари, а загрижува тоа што сите порази ни се од европски репрезентации. Денес како да ни фалеше и среќа. Се боревме до самиот крај, но имавме пад на концентрацијата и на крај не успеавме да се вратиме“.
„Утре пред нас е нов натпревар кој мораме да го добиеме, прво за нас, потоа и за нашите навивачи“, изјави Митревски.