Дома Трансфер зона Големо засилување на „Олд Трафорд“: Јунајтед ја активира клаузулата на Алдервајлед

Големо засилување на „Олд Трафорд“: Јунајтед ја активира клаузулата на Алдервајлед

Манчестер Јунајтед минатото лето имаше неколку неуспешни обиди да го донеде дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервајлед во своите редови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Белгиецот и ова лето ќе биде примарна трансфер цел на „црвените ѓаволи“, и тврдат дека овој пат конечно ќе дојде до реализација на трансферот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Централниот дефанзивец има договор со „петлите“ до 2020 година, но во договорот има и ослободителна клаузула од 26 милиони фунти, која ќе се активира по завршувањето на сезоната.

Алдервајлед веќе изјави дека не сака да ја продолжи соработката долгорочно со Тотенхем, па овој пат Манчестер Јунајтед нема да има проблеми да го донесе на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ нама да имаат проблем да ја активираат откупната клаузула, а наводно веќе постигнале договор со играчот за четиригодишна соработка.

Алдервајлед е еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па клубот од „Олд Трафорд“ ќе добие одлично засилување за пристојна сума.

Одличниот дефанзивец пристигна во Лондон во 2015 година и тоа од Атлетико Мадрид за помалку од 15 милиони фунти, а во кариерата има настапувано уште и за Саутемптон и Ајакс.

Солскјер ќе има солиден буџет ова лето да го засили тимот, а според најавите на Островот токму Алјдервајлед ќе биде првото засилување за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…