Дома Фудбал Англија Големиот талент на Ливерпул избра за која репрезентација ќе игра

Големиот талент на Ливерпул избра за која репрезентација ќе игра

Големиот талент на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ е едно од откритијата на „црвените“ оваа сезона.

18-годишниот играч за врска веќе запиша седум меча во првиот тим оваа сезона и го постигна својот деби гол против Астон Вила.

Бачетиќ е исправен пред дилемата за кој национален тим да игра. Тој е роден во шпанскиот град Виго, но има српски корени и е син на Срџан Бајчетиќ кој настапуваше за Селта.

Меѓутоа, шпански „АС“ пренесува дека Бачетиќ вече донел одлука и ја известил Шпанската фудбалска федерација дека има намера да игра за „црвената фурија“.

Срската федерација не престанува со обидите да го убеди да игра за нашиот сосед, но тој ја избрал Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси му обезбеди на Алонсо уште едно – десетто засилување ова лето

Челси е многу блиску до реализирање уште еден голем трансфер ова лето, а лондонскиот клуб …