Дома Трансфер зона Големата желба на Тен Хаг на крајот ќе заврши во Ливерпул?!

Големата желба на Тен Хаг на крајот ќе заврши во Ливерпул?!

Ливерпул неочекувано би можел да се засили во јануарскиот преоден рок по повредата на Жоел Матип, а тренерот Јирген Клоп е заинтересиран за голема желба на неговиот колега од Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Клоп сака да го купи Жан-Клер Тодибо од Ница до крајот на јануарскиот преоден рок. Овој фудбалер се поврзуваше и со Тотенхем, а беше желба и на „црвените ѓаволи“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тодибо има одлични односи со Конате, кој наводно учествува во преговорите и сака да го убеди да потпише за „црвените“ од „Енфилд“.

Ливерпул најверојатно ќе плати околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, а дел од сумата ќе добие и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…