Дома Останати Кошарка Голема промена во NBA: All-Star натпреварите нема да се играат помеѓу Истокот и Западот

Голема промена во NBA: All-Star натпреварите нема да се играат помеѓу Истокот и Западот

Направен е првиот чекор за укинување на конференциите во NBA лигата – нема да има веќе ѕвездени дуели помеѓу Истокот и Западот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На All-Star дуелот, кој се одржува секоја година од 1951 година наваму, досега се играше така што навивачите бираа по пет најдобри играчи од источната и западната конференција, кои потоа, заедно со седум резервни играчи, ги претставуваа своите конференции во елитниот NBA дуел помеѓу Истокот и Западот.

И понатаму ќе се бираат по 12 играчи од секоја конференција, како и минатата година, ќе се сметаат гласовите од навивачите, играчите и новинарите, но оној играч кој ќе добие најмногу гласови ќе биде капитен и ќе го бира својот тим.

Натпреварот ќе има и хуманитарен карактер, бидејќи секоја екипа ќе одбере по едно здружение од областа на градот кој ќе биде домаќин и NBA приходите од влезниците ќе ги донира на тоа здружение.

Гласањето за учесници на All-Star натпреварот почнува на Божиќ, дуелот е на распоред на 18 февруари, а резервите и понатаму ќе ги бираат тренерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ наскоро може да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА!

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, е пред потпишување на најбогатиот договор во ист…