Денес македонската спортска јавност беше потресена од смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше член на Бутел Скопје.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во јавноста има разни информации, а до овој момент не се откриени официјални детали како и поради што ракометарот го загубил животот.




Преку социјалните мрежи од Тот се прости и неговиот клуб, Бутел.




„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!“, стои во објавата на Бутел на социјалните мрежи.