Дома Останати Ракомет Јутарњи: Обвинетата девојка во случајот на Тот се смеела во полициската станица

Јутарњи: Обвинетата девојка во случајот на Тот се смеела во полициската станица

Хрватскиот магазин „Јутарњи“ пишува за случајот на Денис Тот, кој го загуби животот откако беше нападнат пред ноќниот клуб „Привилиџ“ минатиот четврток околу 3.30 часот.

Девојката која учествувала во инцидентот, Клементина ги изненадила полициските службеници со нејзиното однесување, како што пренесува хрватскиот медиум.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Се смееше како да сме ја привеле поради кражба на литар ракија во продавница, а не насилство“, им открило неименувано лице на новинарите од „Јутарњи“.

Во моментов сите тројца осомничени за случајот се приведени и наскоро се очекува конечен епилог.

Докторите се обиделе да му помогнат на Тот, но сепак не успеале, иако во еден момент го вратиле во живот откако бил примен без срцева акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија денес го добива противникот во баражот за пласман на Светското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае противникот во бараж …