Дома Фудбал Голем гест на Левандовски: Лапорта откри на што бил спремен полскиот напаѓач за да помогне на клубот

Голем гест на Левандовски: Лапорта откри на што бил спремен полскиот напаѓач за да помогне на клубот

Барселона и понатаму не успеала да застане на цврсти нозе кога се финансиите во прашање, но на теренот им оди одлично и каталонците имаат максимални четири победи во првите четири кола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на сезоната не можеше да го регистрира Дани Олмо, а клубот го направи тоа кога се поздрави Андреас Кристинсен и шпанскиот офанзивец беше пријавен на неговото место.

Во таа ситуација, Лапорта откри дека на помош се понуди Роберт Левандовски.

„Морам посебно да го издвојам. Покажа колку е верен на клубот. Кога слушна дека мораме да дадеме дополнителен труд за да бидеме во границите на фер-плејот се понуди да му ја намалиме платата“, изјави Лапорта.

Инаку, платата на Левандовски во бруто износ е 33 милиони евра. Полскиот голгетер во Барселона пристигна пред две години од Баерн Минхен за оштета од 45 милиони евра и за Барселона одигра 99 натпревари во кои постигнја 63 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јасен знак дека се Роналдо во Португалија сè прашува! Еве кој ќе биде новиот селектор!

Фудбалската федерација на Португалија не чекаше долго по разочарувачкиот настап на Светско…