Дома Останати Кошарка НБА Голден Стејт обезбеди финале во НБА!

Голден Стејт обезбеди финале во НБА!

Далас се спаси од „метла“ во минатиот натпревар, но повеќе не можеше, Голден Стејт изминатата вечер победи со 120:110 и ја доби серијата со 4:1 за пласмнан во финалето од НБА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најефикасен во редовите на Вориорси беше Клеј Томпсон со 32 поени, Ендру Вигинс оствари дабл-дабл од 18 поени и 10 скокови, а Дрејмонд Грин уфрли 17 поени. За најкористен играч во финалната серија на Западот беше прогласне Стеф Кари кој имаше просек од 23.8 поени, 7.4 асистенции и 6.6 скокови.

Лука Дончиќ и во овој натпревар беше најдобар кај Далас со 28 поени, девет скокови и шест асистенции, Спенсер Динвиди уфрли 26 поени.

Кога е натпреварот во прашање Вориорси сигурно стигнаа до триумфот водеа од почетокот до крајот, а во еден момент разликата беше и +25. Се што направи Далас е само убалжувањето на поразот.

Во финалето Голден Стејт ќе игра против победникот во серијата помеѓу Бостон и Мајами во која Бостон во овој момент води со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…