Кошаркарот на Партизан, Кевин Пантер синоќа постигна тројка со која го урна Реал Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Евролигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Американскиот кошаркар во разговор со медиумите открил дека има српски пасош и бил расположен да го облече дресот на Србија на Светското првенство (СП) во 2023 година.
„Имам посебна врска со Србија. Ја сакам оваа земја. Имам пасош и би можел да играм за репрезентацијата. Ако ме поканат, отворен сум за такво нешто“, кажал Пантер.
Пантер има 29 години, а во последните пет години се прослави со настапите во Евролигата.