Maрко Асенсио (27) не сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид и ова лето ќе потпише за нов клуб. Клубот сака да остане, му понуди продолжување на соработката, но Асенсио одби.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанецот смета дека заслужил поважна улога во екипата, па затоа не сака да стави потпис на нов договор. Од друга страна Асенсио е голема желба на Астон Вила и тренерот Унаи Емери.
Фабрицио Романо пренесува дека Вила му испратила понуда на Асенсио, но се уште фудбалерот не донел одлука и чека други клубови. Во трката е и ПСЖ, но и некои италијански клубови.
Асенсио на „Сантијаго Бернабеу“ помина седум години откако во 2014 година пристигна од Мајорка. Сезонава одигра 50 натпревари и постигна 12 голови, додавајќи осум асистенции. Во тие седум години освои и 17 трофеи, три во Лигата на шампионите, три во Ла Лига, четири Светски клупски првенства, три европски Суперкупа, три шпански Суперкупа и еден Копа дел Реј.