Дома Топ вести „Го заменив Меси за да го заштитам“

„Го заменив Меси за да го заштитам“

ПСЖ вчера славеше против Лион со 2:1, а при резултат 1:1 Маурисио Покетино олдучи од игра да го извади Лионел Меси, што секако беше изненадување.

Замената не му се допадна на Аргентинецот и самиот беше изненаден, а при излегувањето од теренот не се поздрави со Покетино.

Јасно беше дека Меси е разочаран од овој потег на Покетино. ПСЖ на крајот славеше победа. Нормално, по мечот Покетино не можеше да го избегне прашањето за замената на Меси.

„Донесов одлука да го извадам од игра за да го заштитам да не се повреди. Ни следуваат важни натпревари“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…