Дома Трансфер зона Гласините за Погба и Рабио стигнаа и до Алегри – еве што одговори стратегот на Јувентус

Гласините за Погба и Рабио стигнаа и до Алегри – еве што одговори стратегот на Јувентус

alegri

Гласините во медиумите стигнаа и до стратегот на Јувентус.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри присуствуваше на церемонијата во организација на „Самсунг“ кој е еден од генералните спонзори на Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту во оваа прилика Алегри не можеше да ги избегне прашањата од новинарите поврзани со гласините во медиумите. Во центарот на вниманието беше потенцијалното враќање на Пол Погба, како и можниот трансфер на Адриен Рабио од Пари Сен Жермен на кого му истекува договорот следното лето.

„Погба е играч на Манчестер Јунајтед и ќе играме два клучни натпревари против него во Лигата на шампионите. Рабио? Нема смисла сега да зборуваме за тоа во овој момент“, изјави стратегот на „Старата дама“.

Секако дека натпреварите помеѓу Манчестер Јунајтед ќе бидат вистинско уживање за фудбалските фанови, а дополнителен шмек на натпреварот му дава и тоа што Кристиано Роналдо ќе игра против клубот во кој се прослави во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдени уште две заминувања од Ливерпул

Пред неколку месеци беше потврдено дека Јирген Клоп наредната сезона нема да биде тренер н…