Aнглиската јавноста остана изненадена од изборот на Рајан Гигс за неговите идеални 11 фудбалери со кој играл во Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фановите најмногу се изненадени што во тимот на Гигс немаше место за Кристиано Роналдо и Немања Видиќ. Српскиот стопер играше во тандем со Рио Фердинанд и овие двајца важат за еден од најсилните одбранбени тандеми во историјата на фудбалот, сепак Гигс очигледно не мисли така.
За Фердинанд имаше место, а покрај него место доби Французинот Микаел Силвестре што секако е изненадување. Заедно со нив дваја во одбраната се Гери Невил (десно) и Денис Ирвин (лево), додека на голот е Питер Шмајхел.
Средниот ред го сочинуваат Ники Бат и Пол Сколс, зад нив се Рој Кин, а во нападот Бекам, Руни и Солскјер.