Дома Фудбал Англија Ги сакаат сите големи клубови, а тие одлучија да стават потпис на нов договор со Лестер!

Ги сакаат сите големи клубови, а тие одлучија да стават потпис на нов договор со Лестер!

Лестер оваа сезона повторно е хит во Премиер лигата, па неколку млади ѕвезди во тимот на „лисиците“ го привлекоа вниманието на многу европски гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека играчот за врска Џејмс Мадисон и дефанзивецот Чалар Сојунџу наскоро ќе стават потпис на нов договор и ќе ја продолжат верноста со Лестер.

Интересот за двајцата играчи е огромен од страна на клубовите од Манчестер, Челзи и Арсенал, па токму поради тоа Лестер брза да потпишат новите договори пред отварањето на зимскиот преоден рок.

Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс неодамна потпиша нов долгорочен договор со „лисиците“, а новите договори на двајцата важни фудбалери биле услов за тој да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потег кој не се очекуваше: Мурињо го ангажира првото засилување од лутиот ривал во Реал Мадрид

Жозе Мурињо наскоро ќе биде претставен како новиот тренер на Реал Мадрид, а јасно е дека П…