Дома Трансфер зона Ги прекина преговорите со Интер поради Барселона

Ги прекина преговорите со Интер поради Барселона

Холандскиот дефанзивец, Стефан де Вриј најверојатно на крајот на сезоната како слободен играч ќе го напушти Лацио.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Де Вриј одби да го продолжи договорот со римскиот клуб кој истекува на крајот на сезоната, па сега има право да преговара со други клубови.

Италијанските клубови пред неколку дена објавија дека Де Вриј се договорил со Интер и дека од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на „нероаѕурите“. Меѓутоа, се чини дека дојде до пресврт на целата ситуација бидејќи во трката за неговиот потпис се вклучи и Барселона.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона го контактирала играчот и спремна е да му понуди договор. Поради тоа Холанѓанецот ги стопирал преговорите со Интер, бидејќи сака да ја почека понудата од Каталонците.

Де Вриј е слободен да потпише преддоговор уште во јануари, а на крајот на сезоната како слободен играч да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…