Дома Фудбал Англија Ги блокираа банкарските сметки на Челзи

Ги блокираа банкарските сметки на Челзи

Банкарските сметки  на Челзи се времено блокирани како дел од санкциите претов сопственикот Роман Абрамович, соопштува „Скај Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Причина за ваквата одлука е што банката Барклис, каде што сметките на „сините“ има потреба од време за да процени какви се минималните потреби на клубот за да продолжи да ги исполнува обврските.

На „Стенфорд Бриџ“ се надеваат дека тоа нема да биде за долго бидејќи нема да можат да ги исплаќаат платите на фудбалерите, а и нема да можат да функционира клубот. Медиумите тврдат дека Челзи во моментов не може да стави ниту готиво во клупскиот автобус.

Во вторникот британските власти го замрзнаа целиот имот на Абрамович, но на клубот му дадоа специјална лиценца за да може да работи. Меѓутоа, средствата се лиминитирани за гостувањата, а клубот нема да може да прави трансфери и да продава билети.

Има опасност Барклис за постојано да ги замрзне сметките на Челзи, со што клубот нема да биде солвентен и ќе му бидат одземени бодови.

Полека и спонозорите почнаа да му откажуваат, па вчера договорот го раскина главниот спонзор „Три“, а има најави и дека „Најк“ ќе го направи истото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот по 20. пораз: Ќе бидеме подобри следната сезона!

Фудбалерите на Ливерпул запишаа нов, 20-ти пораз сезонава, откако загубија од Астон Вила к…