Дома Фудбал Репрезентации Германците без ѕвездата на Сити во Русија!

Германците без ѕвездата на Сити во Русија!

Фудбачерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, нема да настапи за Германија на претстојниот Куп на Конфедерации кој ќе биде одигран во Русија бидејќи ќе му биде извршен оперативен зафат.

На младиот напаѓач мора да му биде извршена операција на носот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти денес дека Сане ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Данска на 6 јуни, натпреварот од квалификациите за СП против Сан Марино четири дена подоцна како и Купо на конфедерациите во Русија.

„Сакав да играм во Русија, но после консултацијата со докторите одлучив летниот период да го искористам за операција, за во новата сезона да влезам спремен“, изјави Сане.

Купот на конфедерациите на распоред е од 17 јуни до 2 јули, а ќе се игра во четири руски града, Сан Петерзбург, Сочи, Москва и Казан. Германија ќе игра во група со Чиле, Австралија и Камерун.

Сане за Германија забележа шест настапи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…