Дома Трансфер зона Германски новинар објасни зошто Борусија Дортмунд не може да го доведе Дибала

Германски новинар објасни зошто Борусија Дортмунд не може да го доведе Дибала

Во текот на денот се појави информација дека Паоло Дибала може да се пресели во редовите на Борусија Дортмунд, но новинарот Патрик Бергер тврди дека информациите на италијанскиот „Кориере дело Спорт“ не се точни.

Дибала е една од главните теми во Италија после одлуката да не го продолжи договорот со Јувентус и често пати се поврзува со разни клубови. Бергер набрзо после сензационалната вест за Борусија Дортмунд тврди дека Борусија не може да ги исполни финансиските услови на Аргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дибала одби понуда од 6.5 милиони евра од Јувентус. Борусија не може да му понуди повеќе, нема шанси да дојде тука“, објави новинарот на германскиот „Спорт“.

Како еден од најсериозниот кандидати за доведување на Дибала во медиумите важи и големиот ривал на Јувентус, екипата на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…