Натпреварот со Словенија е зад нас, македонските ракометари од денес веќе се подготвуваат за утрешниот против селекцијата на Црна Гора.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Еден од поискусните во нашите редови, Гоце Георгиевски смета дека треба да извлечеме поука од вчерашниот пораз од Словенија (27:25).
„Нормално е да има разочарување после еден загубен натпревар, но мислам дека треба да извлечеме позитивна поука од натпреварот затоа што одигравме добар натпревар. Грешки имаше и на двете страни, но ние сме репрезентација во транзиција, а тие се веќе изградени. Мислам дека репрезентацијата е на вистинскиот пат, треба да гледаме напред“.
Утре од 18:00 часот не чека Црна Гора.
„Немаме многу време, но ќе го анализираме противникот и ќе одработиме тренинг, мислам дека ќе бидеме добро подготвени. Не знам во каков состав ќе играат утре, но сме играле со нив и нивниот стил ни одговара“, изјави Георгиевски.