Италијанските медиуми пренесуаат дека Манчестер Сити на лето ќе се обиде да го донесе капитенот на Милан, Леонардо Бонучи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бонучи пристигна на „Сан Сиро“ минатото за 40 милиони евра, но Милан одигра уште една разочарувачка сезона и најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони.
„Спортмедиасет“ пренесува дека Сити ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација за да го донесе Бонучи на „Етихад“ и веќе спремил понуда од 50 милиони евра.
Познато е дека Гвардиола има големи симпатии кон Италијанецот и во него гледа идеален наследник за Компани.
Сепак, Гатузо се противи на продажбата на капитенот, а тешко е да се поверува дека раководството на „росонерите“ ќе прифати разделба со својот најдобар фудбалер.
На лето сигурно ќе биде продаден Калиниќ, кој не ги оправда очекувањата, а неизвесна е и иднината на Донарума, бидејќи познато е дека Милан е во „војна“ со неговиот менаџер Мино Раиола.