Дома Фудбал Англија Гвардиола ситуацијата во Премиер лигата ја спореди со Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Гвардиола ситуацијата во Премиер лигата ја спореди со Ѓоковиќ, Надал и Федерер

После 13 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Сити се наоѓа на првата позиција со 35 освоени бодови, додека Ливерпул му дише во врат со 33.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ваквата ситуација Пеп Гвардиола ја спореди со Надал, Федерер и Ѓоковиќ.

„Ливерпул ни помага да бидеме подобри. Тоа е слично како со Надал, Федерер и Ѓоковиќ, зарем не? Потребни ни се натпреварувачи. Како спортисти имаме потреба да има конкуренција. Играчите тоа го знаат. Не им го зборувам тоа, но тие знаат колку Ливерпул е силен и дека не смееме да губиме бодови“, изјави Гвардиола.

Пеп не ги отпишува ниту останатите клубови.

„Можеме да кажеме дека конкуренција ни се уште Челзи, Тотенхем или Арсенал. За да останеме на ниво подолг период потребни ни се силни противници. Оваа сезона ги имаме како во Премиер лигата така и во Европа“, заврши Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Португалија збесна на прашање од новинарите пред натпреварот со Хрватска

Подготвување за Хрватска: Тренерот на Португалија ја загуби трпеливоста на прашањето од но…