Дома Фудбал Гвардиола: Половина од тимот е под знак прашалник за следниот натпревар

Гвардиола: Половина од тимот е под знак прашалник за следниот натпревар

Актуелниот шампион на англискиот шампионат Манчестер Сити има проблеми со повреди во пресрет на следното коло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сити денеска игра против Борнмаут, а тимот на Пеп Гвардиола е ограничен поради голем број повреди.

На последните два натпревари против Саутемптон и Тотенхем, меѓу другите, се повреди и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, за кого ни Гвардиола се уште не знае дали ќе игра.

„Утре ќе го видите составот. Имам многу сомнежи. Половина од тимот ми е под знак прашалник. Ќе видиме кој ќе игра на некои позиции и треба да бараме итни решенија и да имаме доверба во нив. – изјави Гвардиола на прес-конференцијата.

Во поредокот во Премиер лигата води Манчестер Сити, со седум победи и две нерешени во досегашните девет кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Португалија ќе се соочат во шеснаесетфиналето на С…