Дома Топ вести Гвардиола и Сити се налутија – Санчез на чекор од „Олд Трафорд“

Гвардиола и Сити се налутија – Санчез на чекор од „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се откажа од ангажман на Алексис Санчез, иако имаше договор со напаѓачот на Арсенал и трансферот беше пред реализација, пренесуваат медиумите на Островот.

Според последните информации каталонскиот тренер и челниците на клубот од „Етихад“ ги прекинале преговорите бидејќи се лути на менаџерите на Санчез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Сити имаше усмен договор со менаџерите на Чилеанецот, но во целата приказна се вклучи и Манчестер Јунајтед, па агентот на Санчез им соопшти на „граѓаните“ дека „црвените ѓаволи“ нудат многу подобра плата.

Ваквиот став ги налути „граѓаните“ кои одлучија да ги прекинат преговорите.

Според англиските медиуми Санчез сега е на чекор од „Олд Трафорд“ каде ќе заработува 400.000 фунти неделно, а трансферот би требало да се комплетира до крајот на неделата.

29-годишниот напаѓач во Арсенал пристигна од Барселона во 2014 година и се етабираше како еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Сити договори „чудо од дете“, треба да биде наследник на Де Брујн

Eкипата на Манчестер Сити успеала да ја добие битката и да ги договори условите за трансфе…