Дома Фудбал Гвардиола за пеналите: Размислувам Едерсон да биде прв изведувач

Гвардиола за пеналите: Размислувам Едерсон да биде прв изведувач

Вчера Манчестер Сити во дербито на колото го победи Ливерпул со убедливи 1:4.

Во овој натпревар Илкај Гундоган промаши пелан, но за негова среќа Сити славеше, а и тој се „извади“ постигнувајќи гол од игра. Неодамна голманот на Манчестер Сити, Едерсон изјави дека е одличен во изведување пенали, па сега Пеп доби прашање на таа тема.

Гвардиола потврди дека сериозно размислува Едерсон да биде прв изведувач на пенали.

„Сериозно ќе размислам Едерсон да биде прв изведувач. Го следам на тренинзите, навистина е одличен при реализацијата“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити сезонава во Премиер лигата доби четири пенали, а дури три од нив не беа реализирани. Освен Гундоган промашија уште Де Брујн и Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го остави Марадона дома и ја одведе Аргентина до првата светска круна

Сезар Луис Меноти не попушти пред критиките поради изоставувањето на 17-годишниот Марадона…