Дома Фудбал Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме

Гвардиола: Во кој било друг спорт ние ќе победевме

По ПСЖ и Борусија Дортмунд, во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласираа и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По фантастичната прва средба во Мадрид, која заврши 3:3, Манчестер Сити и Реал одиграа 1:1 во реваншот на „Етихад“ по продолженијата, па прашањето за патниците во полуфиналето беше решено со пенал серија. На крајот поуспешни беа Шпанците, Реал победи со 4:3 со промашените пенали на Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Сити во текот на 120 минути игра имаше неверојатна доминација во се, од посед до бројот на удари кон голот, но на крајот Шпанците се пласираа понатаму. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола накратко го коментираше исходот по натпреварот.

„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал доби брутална „корпа“, завладеа молк во Мадрид

Според информациите кои ги потврди Реал Мадрид во вторникот, кралскиот клуб испратил понуд…