Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе го наследи Серхио Агуеро.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еминентниот „Билд“ тврди дека Гвардиола напаѓачот го нашол во Бундеслигата, а станува збор за Маркус Турам.
23-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Со оглед на фактот што Хари Кејн е премногу скап, „граѓаните“ ќе се насочат кон францускиот репрезентативец во кого Гвардиола гледа добра замена за Агуеро.
Мехенгладбах знае дека нема да може да го задржи напаѓот и за неговата слобода бара 40 милиони евра.