Дома Фудбал Англија Гвардиол станува рекордер! Сити му ја исполни желбата на Пеп Гвардиола

Гвардиол станува рекордер! Сити му ја исполни желбата на Пеп Гвардиола

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол ќе биде новото засилување на Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пеп Гвардиола реши следната сезона да го има Јошко Гвардиол во срцето на одбраната, а управата на Манчестер Сити му ја исполни желбата.

Хрватскиот репрезентативец во наредните денови ќе пристигне на „Етихад“, ќе направи лекарски преглед и потоа ќе потпише договор со актуелниот европски шампион.

Веста практично ја потврди и спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл.

-Желбата на Јошко е да премине во Манчестер Сити. Точно е дека сме во преговори со Манчестер Сити. Станува збор за цифра од 100 милиони евра плус бонуси. Јошко Гвардиол ќе заврши во рацете на Пеп – изјави Еберл.

Гвардиол на тој начин ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, бидејќи ќе го надмине трансферот на Мегваер во Манчестер Јунајтед за 87.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Големо засилување за Вардар: Пристигнува фудбалер кој некогаш вредеше три милиони евра!

Вардар активно работи на формирање на составот за новата сезона, а од таборот на „црвено-ц…