Во неделата се одигра дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое на крајот заврши без победник (2:2).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со тоа реми Вардар со осум бода предност ја освои есенската титулата. По натпреварот во текот на вчерашниот ден од Шкендија се жалеа дека судиите на тој натпревар ги оштетиле, а судеа најдобрите судии во македонскиот фудбал.
Шкендија се жалеше на пет ситуаци, а потоа се огласи голманот на Вардар, Филип Гачевски:
„Хаха, па вие сте најголем срам!!! Ние какви неправди доживеавме во Тетово па никому ништо…Не дигајте галама без потреба !!! Плачете малку ајде !!! Не пишувајте глупости – засрамете се !!!“, гласи Фејсбук статусот на голманот на Вардар.
