Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија се жали: Објаснуваат во кои пет ситуации биле оштетени

Шкендија се жали: Објаснуваат во кои пет ситуации биле оштетени

Денес тимот на Шкендија објави официјално соопштение во кое се жали на пет судиски одлуки во дербито со Вардар.

Вардар и Шкендија вчера одиграа натпревар кој на крајот заврши без победник (2:2). Со ова реми Вардар стигна до есенската титула со дури осум бода предност во однос на големиот ривал. Сега во Шкендија се жалат на судењето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На овој натпревар правдата ја деле, Александар Ставрев као главен судија, зад головите беа Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Помошници беа Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти беше Гоце Петрески.

Ова беше прв натпревар на кои заедно судеа најдобрите македонски судии, но и покрај тоа во Шкендија пронајдоа замерки.

„Реагираме поради неправдата од судиите. Имаме забелешки и сметаме дека судиите направија грешки на наша штета и ќе побараме да бидат превземени соодветни мерки, ќе доставиме и видео материјал со грешките“.

„Првата грешка беше кога во 13. минута по нафрлувањето на Алими, Младеновски играше со рака, а судијата досуди офсајд“.

„Во 28. минтуа Ставрев досуди пенал за Вардар иако немаше контакт помеѓу Мурати и Цветановски“.

„Во 35. минута Шкендија изедначи, а потоа Гачевски без топка го удри Жуниор и тоа се случи пред очите на судијата. Но и покрај тоа немаше никаква реакција од негова страна, не покажа ниту жолт, иако тој потег беше и за црвен картон“.

„Во 36. минута Бесарт Ибраими падна во казнетиот простор по еден контакт со Серафимов, а судијата место да досуди прекршок му додели жолт картон на Ибраими“.

„Во 50. минута Шкендија постигна гол преку Агим Ибраими, меѓутоа тој гол се поништи поради наводен офсајд, иако на снимката може да се види дека станува збор за чиста ситуација“.

„Ако судиите имале намера да наштетат на нашиот тим тогаш бареме овие поплаки и материјали да се истражат и да се доделат соодветни казни за да не се повтори вакво нешто и да се овозможат услови да победи подобриот“, стои помеѓу другото во соопштението на клубот од Тетово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…