Доаѓањето на Џенаро Гатузо на клупата на Милан најверојатно ќе значи и заминување на Никола Калиниќ, јавуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Калиниќ ова лето пристигна од Фиорентина за 25 милиои евра, но не ги исполни очекувањата и има постигнато само 3 гола на 15 натпревари.
Сега замина и тренерот кој инсистираше на неговото доаѓање, па на „Сан Сиро“ немаат ништо против да се разделат од Хрватот.
За Калиниќ интерес повторно покажува Фабио Канаваро кој минатата година се обиде да го донесе во Тијанжин, а сега сака да го донесе во Гуангжу Евергранде.
Кинескиот клуб е спемен да понуди 45 милиони евра, понуда која „росонерите“ сигурно ќе ја прифатат, но прашање е дали Калиниќ ќе се согласи да се пресели во Кина.