Дома Фудбал Италија Гатузо: Смешно е да давате комплименти, само ме нервирате!

Гатузо: Смешно е да давате комплименти, само ме нервирате!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо изјави дека комплиментите кои пристигнуваат на адреса на неговиот тим се смешни и многу го нервираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гатузо смета дека „росонерите“ треба да бидат многу повисоко на табелата и дека моменталното 8-мо место не е реално според квалитетот на тимот.

„Многу се нервирам кога ќе слушнам комплименти за мојот тим. Видете ја табелата и ќе видите дека смешно е да се даваат комплименти. Сигурно може да играме подобро, па не треба да обрнуваме внимание на комплиментите, туку да работиме повеќе. Треба да го вратиме Милан таму каде што му е местото“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Вардар ќе игра на позајмица во Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го обезбеди потписот на Ибрахим Оласебикан, кој во наредната сезон…