Дома Фудбал Италија Галиани застана во одбрана на Ванда: Таа е жртва на машкиот фудбалски свет!

Галиани застана во одбрана на Ванда: Таа е жртва на машкиот фудбалски свет!

Легендарниот директор на Милан и еден од најдобрите фудбалски менаџери во Италија, Адриани Галиани, застана во одбрана на сопругата и менаџер на Мауро Икарди, Ванда Нара.

Ванда Нара е во „војна“ со раководството на Интер и секогаш привлекува огромно вниомание со своите изјави, па многумина ја осудуваат поради тоа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак,  Галиани застана во одбрана на Ванда Нара, која сите ја обвинуваат за ситуацијата во која се наоѓа Икарди.

„Ванда е жртва на машкиот свет кој владее во фудбалот. Кога и да каже нешто веднаш започнуваат коментарите во кои таа се обвинува за се и сешто. Но, кога големите менаџери како Раиола и Мендеш се однесуваат идентично како Ванда, никој не се буни. Икарди? Фантастичен фудбалер и да можам веднаш би го довел во мојот клуб“, истакна Галиани.

Галиани откри дека тој и Силвио Берлускони кој ја купи Монца, имаат една цел, за две години да ја внесат екипата во Серија А.

„Работам со истиот елан како и во минатото кога ги носев најдобрите светски фудбалери на Сан Сиро. Монца е клубот за кој навивав од дете, а кога Берлускони ме повика да работам за него во 1979 година му поставив само еден услов, да бидам слободен за викендите како би можел да се вратам во Монца“, открива Галиани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…