Дома Фудбал Останато Галас го советува Челзи да купи две ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Галас го советува Челзи да купи две ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Сопствениците на Челзи откако пристигнаа во клубот не штедеа пари на нови играчи, но и со таков пристап клубот немаше резултати какви што се очекуваше.

Поради тоа се најавуваа заминувања во летниот преоден рок кој би ја наполниле касата за да се избегне прекршување на финансискиот фер-плеј. На оваа тема зборуваше екс-фудбалерот на „сините“ Вилијам Галас кој истакна кого не би требало Челси да го продаде.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Челси не смее да го продаде Рис Џејмс, мора да ги задржи фудбалерите кои доаѓаат од академијата, тие се потребни за идентитетот на клубот. Џејмс е капитен, иако е често повреден треба да го задржиме. Исто важи и за Галагер, проблемот треба да се реши на друг начин“.

Испрати Галас и посебен совет за раководството.

Рашфорд и Бруно Фернандеш би биле одличен избор за Челзи. Челзи има одлични млади фудбалери и потребен им е лидер како Бруно, од друга страна Рашфорд би добил дополнителна мотивација да го покаже квалитетот и во друг клуб“, изјави Галас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Тони Крос ја завршува кариерата!

Тони Крос става крај на професионалната фудбалска кариера. Германскиот фудбалер ќе ја завр…