Дома Фудбал Останато Газдите на ПСЖ купуваат клуб од Премиер лигата

Газдите на ПСЖ купуваат клуб од Премиер лигата

Катарските сопственици на ПСЖ имаат желба да инвестираат во клуб од Премиер лигата.

Според „Скај Спорт“ претседателот Насер Ал-Келаифи имал средба со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви во Лондон минатата недела, па разговарале на таа тема.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Катар Спорт Инвестмент“ го има во сопственост ПСЖ и мал дел од акциите на португалска Брага, па сега има намера да го зголеми своето портфолио со клуб од Премиер лигата.

Тоа е по примерот на „Сити фудбал груп“, кој поседува 11 фудбалски клубови низ велиот свет. Можно е Катарците да покажат интерес и кон гигантите Манчестер Јунајтед и Ливерпул, чии сопственици веќе бараат нови купувачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…