Младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне ги воодушеви сите од почетокот на сезоната, па доби „награда“ од раководството на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 19-годишен напаѓач до денес беше најслабо платениот фудбалер кај „росонерите“, но тоа се промени благодарение на неговите одлични партии.
Челниците на Милан одлучија да му дадат зголемување на платата, додека должината на договорот останува иста (2021 година), а тоа клубот го потврди и на својата официјална страна.
Кутроне оваа сезона постигна 4 гола за Милан во сите натпреварувања, а за сега не е познато колку точно ќе заработува со новиот договор.