Крилниот фудбалер Дарко Додев го засили Шкупи и пристигнува од редовите на Влазанија каде што играше во последните шест месеци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претходно Додев во Македонија го носеше дресот на штипска Брегалница. Покрај Брегалница настапуваше уште за Силекс, Тиквеш и Металург. Додев е второ засилување за Шкупи, претходно чаричани го вратија голманот Кристијан Наумовски.
Клубот во овој преоден рок ја прекина соработката со Куевен, Нилтињо, Хоџиќ и Абази.