Дома Трансфер зона Враќање на „отпишаниот“: Настасиќ повторно во Серија А?

Враќање на „отпишаниот“: Настасиќ повторно во Серија А?

Со само 18 години пристигна во Италија, поточно во Фиорентина. Матија Настасиќ би можел да се врати во Серија А.

Како што пренесува „Gazzetta dello sport“, Рома е во потрага по квалитетен стопер и изборот паднал на српскиот интернационалец. Неговата вредност се проценува на 20 до 25 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Волчиата“ е подготвена да ја плати таа сума. Настасиќ би можел да игра и на левата страна кога Коларов е надвор од теренот или едноставно мора да одмори, бидејќи алтернатива за него Рома нема.

Потсетуваме, Матија Натасиќ не сака да игра за репрезентацијата на Србија додека селектор е Младен Крстајиќ. Наводно, тој е лут затоа што не отпатувал во Русија на Светското првенство, иако тврди дека бил здрав и дека стурчниот штаб го пречкртал од списокот на патници за да покаже на јавноста дека е повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…