Дома Фудбал Англија Вооружени разбојници го ограбиле Вертонген

Вооружени разбојници го ограбиле Вертонген

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген преживеа вистинска драма, откако неговото земејство беше мета на вооружен грабеж.

Семејството на Вертонген било држено под закана со нож додека четири мажи го ограбувале неговиот дом во периодот кога фудбалерот бил со својот клуб во Германија поради меч од Лигата на шампиони.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вооружени разбојници влегле во неговиот дом кога сопругата и децата биле дома, а крадците избегале пред да пристигне полицијата.

„Ние го поддржуваме Јан и неговото семејство низ овој ужасен и трауматски период. Сакаме да ги охрабриме сите што имаат било какви информации за овој настан да ја контактираат полицијата“, истакнаа од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Двајца кандидати за клупата на Челзи

Челзи денес и официјално се раздели со тренерот Маурисио Поетино и ја започна порагата по …