Дома Останати Вознијацки и Конта ќе ги вкрстат рекетите на финалниот женски дуел во Мајами

Вознијацки и Конта ќе ги вкрстат рекетите на финалниот женски дуел во Мајами

Поранешниот прв рекет во светскиот тенис Каролине Вознијацки (Данска) и Британката Јохана Конта ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Мајами, САД.

Ова е епилогот по полуфиналните мечеви во кои Вознијацки ја совлада својата имењачка Каролина Плискова од Чешка со 2-1 (5:7, 6:1 и 6:1), додека Конта во два сета славеше победа над Венус Вилијамс (САД) со 6:4 и 7:5.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот за трофејот е закажан за утревечер со почеток во 19 часот.

Финалистките со својот пласман во завршницата направија мало изненадување со оглед на тоа што Конта ја имаше улогата на 10-та носителка, додека Вознијацки пред турнирот беше рангирана како 12. фавориот за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…