Дома Трансфер зона Во Челзи се „луди“: За Игуаин имаат алтернатива од 50 милиони фунти!

Во Челзи се „луди“: За Игуаин имаат алтернатива од 50 милиони фунти!

Tимот на Челзи веќе подолго време се поврзува со ангажман на аргентинскиот голгетер, Гонзало Игуаин, сепак сега „Скај Спорт“ пренесува вест дека „сините“ имаат алтернатива во случај обидот за трансфер на Игуаин да биде неуспешен.

Попладнево се „Скај Спорт“ лансираше вест дека Челзи во случај да не успее да го доведе Игуаин, ќе тргне по потписот на Калум Вилсон од Бурнемоут за сума од дури 50 милиони фунти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова е навистина зачудувачка вест и тешко дека Бурнемоут ќе ја одбие во случај „сините“ навистина да ја испратат.

Вилсон во Бурнемоут пристигна во 2014 година и од тогаш одигра 126 натпревари и постигна 48 погодоци. Кога во прашање е актуелната сезона игра одлично и има учинок од девет погодоци и пет асистенции.

Пред Бурнемоут го носеше дресот на Ковентри, Кетеринг Таун и Тимворт.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…