Дома Фудбал Останато Во сето сивило, точката на надеж: Срна ќе помине само со усмена опомена?!

Во сето сивило, точката на надеж: Срна ќе помине само со усмена опомена?!

Дарио Срна е во исчекување што ќе се случи по неговиот допинг случај.

Капитенот на Шахтјор ќе ја бодри Хрватска во Киев против Украина во последното коло од квалификациите за СП, но сигурно најмногу е концентриран на тоа како да ја избегне четиригодишната казна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој во отворено писмо истакна дека никогаш не конзумирал некое недозволиво средство со наместа, ниту незаконсо на било кој начин ја зголемувал својата спортска способност.

За целиот случај се огласи и Јарослав Курцек, заменик раководител на украинскиот Национален центат за борба против допингот.

„Дарио почна да соработува со Антидопинг агенцијата и подготвен е да ги понуди сите информации за можното внесување на недозволиви супстанци во организмот. Во конечна одлука може да заработи четири години суспензија, но и само усмено предупредување“, истакна Курцек.

Некогашниот капитен на Хрватска порача дека ќе се бори и дека ова никако не значи крај на неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…