Дома Фудбал Англија Челзи се огласи после забраната за трансфери од ФИФА

Челзи се огласи после забраната за трансфери од ФИФА

chelsea

Дисциплинската комисија на ФИФА гo казни Челзи  за прекршување на правилата поврзани со интернационални трансфери и регистрација на малолетни фудбалери.

Челзи го нарушил неколку пати правилото за регистрација на фудбалери под 18 години, па денес и официјално му беше изречена казна од ФИФА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот клуб ќе мора да плати казна од 600.000 швајцарски франци, а казнета е и Фудбалската асоцијација на Англија со 510.000 франци. Челзи нерегуларно регистрирал 29 играчи помлади од 18 години, што во ФИФА се смета како најголем прекршок, заедно со непочитувањето на финансискиот фер-плеј.

Притоа, потешкиот дел од казната е што Челзи нема да може да регистрира нови фудбалери до лето 2020 година, односно нема да може да купува нови фудбалери. Забраната за засилувања сигурно ќе биде сериозен удар за клупските aмбиции.

Тоа значи дека Челзи нема да може да регистрира нови играчи до лето 2020 година, било да станува збор за откупување на договор или потпишување на слободни играчи.

Сега под знак прашалник е доведена и иднината на Гонзало Игуаин кој пристигна во Челзи на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната. Меѓутоа после факвата казна „сините“ нема да бидат во можност да го откупат неговиот договор.

Откако беше соопштена казната се огласија и од Челзи и како што се очекуваше најавија жалба на одлуката.

„Нашиот тим денес ја прими веста за казната од Дисциплинската комисија на ФИФА за наводното прекршување на правилата за трансфери на фудбалери под 18 години. Според таа одлука добивме забрана за трансфери во наредните два преоднит рок и казна од 600.000 франци. Челзи категорички ги отфрла сите обвинувања и ќе се жали на оваа одлука“, стои во соопштението од англискиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …