Aвстриската полиција објави неверојатно видео.
На него се наоѓа нордискиот скијач и репрезентативец на Австраија, Макс Хаук и тоа додека врши трансфузија на крвта што во светот на спортот се смета за допинг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хаук и уште четворица скијачи се уапсени од страна на полицијата поради допинг, а разочарувањето е уште поголемо ако се знае дека Хаук е и полицаец.
„Ова е неверојатно. Тешко е да се гледа. За вакви работи нема место во спортот. Не знаев дека го прави ова“, изјави неговиот тренинг партнер Андреј Јанг и додаде:
„Тешко е да се опише чуството кога вашиот пријател е фатен во измама. Не го мразам, но не сакам повеќе да го видам во нашиот спорт. Не можеш да се вратиш после вакво нешто“, додаде Јанг.
Хаук и остатокот од тимот се фатени како се допингуваат непосредно пред трката. Сега им следи судење и сигурно е дека ќе добијат ригорозна казна. Очекувањата е да добие повеќегодишна забрана за занимавање со крос-кааунтри.
Дефинитивно и ја заслужи!
https://youtu.be/QD5O0G–vmI