Дома Фудбал Во последен момент променет судијата за новото „Ел Класико“

Во последен момент променет судијата за новото „Ел Класико“

Попладнево фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) соопшти дека е донесена одлука да биде променет судијата за новото „Ел Класико“ кое ќе се игра во сабота.

Барселона вчера во Мадрид го победи Реал со убедливи 0:3 и така се пласираше во финалето од шпанскиот куп, а веќе во сабота двата најголеми шпански клубови повторно ќе се судрат на „Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Убедливата победа на Барселона можеби не е реална слика на она што се случуваше на теренот, Реал играше добро, но на крајот Каталонците ги искористија своите шанси и од четири шута постигнаа три гола.

За новото „Ел Класико“ кое овој пат ќе се игра во рамките од „Ла Лига“ за главен судија беше назначен Алехандро Ернандез Ернандез. Причината за оваа смена е повреда на Ернандез Ернандез.

На негово место назначен е Ундијано Маљенко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клуб кој може да испадне во шпанската трета лига се понуди да и помогне на Борусија за финалето со Реал

По вчерашната победа на Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, Борусија Дорт…