Реал Мадрид вчера запиша победа од 3:0 против екипата на Рома во првото коло од Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Она што посебно може да ги радува навивачите на „кралевите“ е последниот гол кој беше дело на новата „седмица“ на Реал Мадрид, Мариано Диаз.
После проигрувањето од Марсело, Диаз испрати одличен удар од далечина кој заврши зад грбот на чуварот на мрежата „волчицата“.
Дефинитивно ова е еден од поубавите голови во првото коло од најсилното европско клупско натпреварување.