Дома Фудбал Буенос Аирес вечерва ќе биде обезбедуван како во воена зона – реванш играат Бока и Ривер!

Буенос Аирес вечерва ќе биде обезбедуван како во воена зона – реванш играат Бока и Ривер!

Како и вообичаено, не е сигурно во Буенос Аирес кога се игра натпреварот помеѓу Бока и Ривер.

Бока Јуниорс вечерва во 02:30 часот по полноќ ќе игра против Ривер во реваншот од полуфиналето на Копа Либертадорес и ќе има тешка задача да надополни 2:0 од првиот натпревар.

Големи безбедносни мерки се најавени пред овој натпревар, а автобусот со играчите на Ривер додека минува низ Буенос Аирес ќе биде следен од 50 полицајци, два хеликоптери и 3.000 поставени полицајци по улиците.

Ќе потсетиме минатата година автобусот на Ривер беше мета на бесните навивачи на Бока поради што реваншот мораше да се одигра на друго место, на крајот се одигра во Мадрид. Тогаш играа во финалето и Ривер после продолженија со 3:1 стигна до трофејот.

Се стравува дека и вечерва ќе има нескани сцени, па овие зголеми безбедносни мерки се со цел да се спречи слично сценарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…