Дома Фудбал Останато Во Бразил фудбалот може да биде стопиран

Во Бразил фудбалот може да биде стопиран

Бразилското министерство за Спорт побара од фудбалската конфедерација на Бразил да се прекине првенството на неодредено време.

Причината поради која е доставено ваквото барање се големите поплави кои ја погодија државата Рио Гранде до Сол.

Од оваа држава доаѓаат три клуба: Интернационал, Гремио и Хувентуд. Терените на Гремио и Интернационал се поплавени, а проблемите се и поголеми во пониските лиги.

Засега затворен е и аеродромот и гостувањата се отежнати. Поради сето тоа Властите бараат целосен прекин на првенството се до стабилизација на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Итен состанок во Португалија, Роналдо е причината!

Кристијано Роналдо денеска оди на итна средба со селекторот Жорже Жезус и претседателот на…